ПРВ.мк

Има чип во мозокот кој му ги чита мислите – благодарение на Маск

Има чип во мозокот кој му ги чита мислите – благодарение на Маск
Jumbo Banner

Во јануари минатата година, Ноланд Арбоу стана првиот човек со Neuralink имплант – чип во мозокот кој овозможува контрола на компјутер со мисли.

Овој тридесетгодишен маж од Аризона, парализиран по несреќа во 2016 година, ја прифатил експерименталната процедура во надеж дека ќе придонесе за науката, без оглед на ризиците.

„Ако успеам, помагам. Ако не, ќе научат од тоа“, изјавил тој.

Ноланд во 2016 година доживеал несреќа при нуркање и останал парализиран од вратот надолу. Стравувал дека никогаш нема да може да се школува, работи или игра видео-игри.

„Ја губиш контролата врз својот живот. Приватноста не постои, зависиш од другите за сè“, рекол тој за BBC.

Сепак, Neuralink му донел искра надеж. Чипот во неговиот мозок функционира како интерфејс помеѓу умот и компјутерот, детектирајќи електрични импулси што настануваат кога тој ќе се обиде да ја помести раката. Овие сигнали се претвораат во дигитални команди, овозможувајќи му да управува со курсорот на екранот – само со мисли.

Кога се разбудил од анестезија, прв пат го поместил курсорот на екранот замислувајќи го движењето на прстите. „Беше неверојатно, како научна фантастика. Кога видов како моите неврони работат на екранот, сфатив – ова е вистинско“, рекол Ноланд.

Илон Маск

Иако ова не е првиот ваков уред, Neuralink е во центарот на вниманието благодарение на својот основач, Илон Маск. Многу експерти го поздравија овој потфат како „значаен исчекор“, но предупредуваат дека ќе биде потребно време за да се процени неговата вистинска вредност.

Самот Маск не бил премногу разговорлив кога Neuralink ја објавил веста за имплантот, само напишал на социјалните мрежи: „Почетните резултати покажуваат ветувачка детекција на неврони“. Меѓутоа, Ноланд вели дека Маск во приватни разговори бил многу поентузиастичен.

„Мислам дека беше возбуден колку и јас“, рекол тој. Сепак, истакнува дека не го гледа Neuralink како „уред на Маск“, туку како научен алат кој може да ги промени животите на многумина.

„Ова не би смеело да биде можно“

Денес, Ноланд користи имплант за да игра шах и видео-игри – нешто што мислел дека никогаш повеќе нема да може да го прави. „Сега ги победувам пријателите во игрите. Тоа не би смеело да биде можно, но е“, вели тој.

Меѓутоа, технологијата не е без недостатоци. Еднаш, поради технички проблем, тој изгубил целосна контрола над компјутерот. „Тоа ме вознемири. Мислев дека можеби никогаш повеќе нема да можам да го користам Neuralink“. Проблемот бил решен со софтверски подесувања, но инцидентот ги осветли потенцијалните предизвици и ограничувања на оваа технологија.

Експерти, како професорот Анил Сет од Универзитетот во Сасекс, предупредуваат и на прашањето за приватност. „Ако дозволиме пристап до мозочните активности, отвараме пат за увид во нашите мисли, убедувања и чувства. Тоа е последната граница на приватноста“, вели тој.

Иднината на чиповите во мозокот

Neuralink не е единствената компанија која ја развива оваа технологија. Фирмата „Синкрон“ веќе тестира помалку инвазивен уред, „Стентроид“, кој се имплантира преку крвните садови и им помага на лицата со моторни нарушувања.

За Ноланд, сепак, Neuralink е само почеток. Се надева дека еден ден ќе може да го користи чипот не само за компјутер, туку и за управување со инвалидски колички, а можеби и хуманоидни роботи.

Сепак, постои еден неизвесен детал – Ноландовиот имплант е дел од шестгодишно истражување. Што ќе се случи по тоа, се уште не е јасно.

„Сѐ уште знаеме толку малку за мозокот. А ова ни помага да научиме многу повеќе“, заклучува тој.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран