ПРВ.мк

Ако полните iPhone, избегнувајте ја оваа грешка – може скапо да ве чини!

Ако полните iPhone, избегнувајте ја оваа грешка – може скапо да ве чини!
VERO Banner

Неколку совети за сите оние кои имаат iPhone – еве како да ја наполните батеријата на телефонот.

Сите ние барем еднаш сме го доживеале тој момент – купувате нов телефон, се работи совршено, но по година-две батеријата почнува да изумира побрзо од било кога. Ако ова ви звучи познато, не сте сами. А причината за тоа? Најверојатно неправилно го полните.

Евтини полначи? Подобро да не ризикувате

Прво, заборавете на евтините копии на полначи. Apple со години предупредува дека користењето неоригинални полначи може да биде опасно – не само за батеријата туку и за вашиот живот. Буквално. „Полнењето со несертифицирани адаптери може да претставува ризик од повреда или смрт“, се наведува во упатствата на Apple. Затоа, ако не сакате да ризикувате пожар во вашиот стан, придржувајте се до оригиналните или сертифицираните полначи.

Но, тоа не е најголемиот проблем. Најлошото нешто што и го правиме на нашата батерија е да ја полниме до 100%.

Не полнете до крај

Да, добро прочитавте. Иако сите сакаме да ја гледаме зелената икона за полна батерија, тоа е всушност најлошото нешто што можете да го направите за долговечноста на вашиот паметен телефон. Кога батеријата ќе достигне 100%, таа влегува во состојба на стрес, што го забрзува нејзиното абење и го намалува капацитетот.

Идеално, границата би била поставена на 95 проценти. Apple веќе го предвиде овој проблем, па поновите модели на iPhone имаат вградена опција „Optimized Battery Charging“. Оваа опција користи алгоритам за да ги анализира вашите навики за полнење и го спречува полнењето над 80% во одредени ситуации, а со тоа го намалува трошењето на батеријата.

Ако имате iPhone 15 или понов, можете сами да поставите ограничување за полнење. iOS дури ќе препорача оптимален процент, а честопати ќе биде токму тој 95%. Затоа, ако сакате вашата батерија да трае што е можно подолго, следниот пат кога ќе го приклучите телефонот во полначот, не го полните до крај. Вашиот iPhone (и вашите нерви) ќе ви се заблагодарат.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран