ПРВ.мк

Жестока расправија на состанокот помеѓу Маск, Рубио и Трамп во Белата куќа: Кој ќе биде следниот потег на Трамп?

Жестока расправија на состанокот помеѓу Маск, Рубио и Трамп во Белата куќа: Кој ќе биде следниот потег на Трамп?
VERO Banner

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот Илон Маск имале жесток конфликт за време на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, известува Њујорк тајмс, повикувајќи се на добро информиран извор. Инцидентот се случил во Белата куќа, за време на состанок кој бил посветен на реорганизацијата на кабинетот и намалување на државните трошоци.

Според извештајот, конфликтот започнал кога Маск го обвинил Рубио дека „не отпуштил никого“ од своите потчинени. Во одговор, Рубио тврдел дека Маск лаже и посочил дека веќе биле отпуштени 1.500 вработени од Стејт департментот. Маск, сепак, не се повлекол и саркастично го нарекол Рубио „одличен за телевизија“, алудирајќи на неговата неспособност за реални управувачки одлуки.

Сите овие размени се случиле во присуство на претседателот Трамп, кој ја набљудувал сцената со прекрстени раце, навален на фотељата. Конфликтот продолжил, а Трамп на крај се вмешал, бранeјќи го Рубио, нагласувајќи дека државниот секретар „врши одлична работа“ и е многу зафатен со патувања, медиумски настапи и надворешнополитички обврски.

Овој инцидент бил сметан за „пресвртна точка“ во вториот мандат на Трамп, укажувајќи на можен обид на претседателот да го ограничи влијанието на Маск, чија работа веќе е под лупа на неколку судски процеси и е повод за незадоволство меѓу републиканците.

Весникот исто така напоменава дека некои законодавци изразиле жалење за потезите на Маск, а состанокот свикан во последен момент бил сигнал дека Трамп се обидува да го задржи балансот меѓу Маск и својот кабинет. Претседателот продолжил да ги поддржува иницијативите на Маск за реорганизација на владата, но истакнал потреба за пореалистичен и понеутрален пристап.

Извори за весникот откриле дека министрите кои се назначени од претседателот ќе бидат одговорни за намалување на бројот на вработени, додека тимот на Маск ќе има само консултативна улога.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран