ПРВ.мк
Свет

ЗБОГУМ БЕРЛИН: Оваа авиокомпанија си оди од Германија – летовите се сечат на половина, авионите се селат на Балканот!

ЗБОГУМ БЕРЛИН: Оваа авиокомпанија си оди од Германија – летовите се сечат на половина, авионите се селат на Балканот!

Шок за сите патници кои планираа евтини летови до германската престолнина! Нискобуџетниот гигант „Рајанер“ донесе драстична одлука која ќе го промени воздушниот сообраќај во Европа. Од октомври 2026 година, Берлин станува „забранета зона“ за нивните седум авиони, кои експресно се префрлаат на нови дестинации.

Причината е едноставна – парите. Авиокомпанијата веќе не сака да ги плаќа енормните даноци и аеродромски такси кои во Берлин пораснале за неверојатни 50% од 2019 година до денес. Последниот удар беше зголемувањето на таксите за дополнителни 10%, што ја прели чашата на трпението на ирскиот превозник.

Додека Берлин ги затвора вратите со високи цени, други земји ги тријат рацете. „Рајанер“ најави дека сите свои ресурси ги сели во земји со ниски трошоци, меѓу кои се Албанија, Италија, Словачка и Шведска. Ова значи повеќе летови и пониски цени за патниците на Балканот и југот на Европа, додека германскиот пазар останува во сообраќаен мрак.

  • Зимски распоред: Бројот на летови до и од Берлин се крати за 50%.
  • Базата се затвора: На 24 октомври 2026 година, операцијата во Берлин официјално престанува.
  • Вработените: Пилотите и стјуардесите ќе добијат понуди да се преселат во други европски бази доколку сакаат да ја задржат својата работа.

Германија се обидува да го спаси секторот со најавено намалување на даноците во јули, но за „Рајанер“ ова е веќе „премалку и прекасно“. Додека другите авиокомпании исто така се жалат дека германскиот пазар е прескап, патниците ќе мора да се подготват за многу повисоки цени доколку нивна дестинација е Берлин.

Најнови вести