ПРВ.мк

Врховниот лидер на талибанците: Во Авганистан нема потреба од западни закони

Врховниот лидер на талибанците: Во Авганистан нема потреба од западни закони
Jumbo Banner

Врховниот лидер на талибанните, Хибатулах Ахундзада, изјави денес дека нема потреба од западни закони во Авганистан и дека демократијата е мртва се додека на сила се шеријатските закони.

Ахундзада ова го изјавил во проповед по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам во џамијата Еидгах во јужниот град Кандахар, јавува АП.

Аудио запис од 50 минути со неговото обраќање беше објавен на платформата Икс од страна на портпаролот на талибанската влада, Забихула Муџахид.

„Нема потреба од закони кои потекнуваат од Запад. Ние ќе создадеме свои закони“, изјави Ахундзада на паштунски јазик, нагласувајќи ја важноста на исламските закони.

Ахундзада го критикувал Западот, веледејќи дека неверниците се обединиле против муслиманите и дека САД и други земји се здружени во своето непријателство кон исламот, наведувајќи го како пример конфликтот помеѓу Израел и ХАМАС во Газа.

Според талибанското толкување на шеријатот, авганистанските жени и девојки не можат да се образуваат, да работат во многу професии и да престојуваат во повеќето јавни простори.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран