ПРВ.мк

“Масовни кремирања, луѓето клечат на улица и плачат, децата не сакаат да се вратат дома”: Страшни сведоштва од Мјанмар

“Масовни кремирања, луѓето клечат на улица и плачат, децата не сакаат да се вратат дома”: Страшни сведоштва од Мјанмар
Jumbo Banner

Во Мјанмар, надежите за пронаоѓање преживеани по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени почнуваат да избледуваат. Спасувачите продолжуваат со масовните напори, но земјата е обземена со мирис на смрт, а на сила е седумдневна национална жалост поради потврдените речиси 2.800 загинати.

Прелиминарните извештаи укажуваат дека помина критичниот период од 72 часа, што значи дека шансите за пронаоѓање преживеани се значително намалени. Американскиот геолошки институт посочува дека бројот на жртви може да се зголеми.

„Телата на загинатите во Мандалај мораа масовно да бидат кремирани“, изјави за Би-Би-Си студент од населбата Махаунгмјај. Ј, 20-годишна девојка која ја загубила својата тетка во земјотресот, ја сподели трагичната приказна за тоа како нејзиното тело било извлечено два дена подоцна.

Преживеаните се во очај, многумина се наоѓаат во ужасни услови. „Децата не сакаат да се вратат во своите домови. Речиси сите во градот спијат на улиците, надевајќи се дека ќе биде безбедно кога земјата ќе престане да се тресе“, вели таа.

ELS

Потоа додава дека помошта бавно пристигнува, но спасувачките тимови се исцрпени по неколку дена работа без престан. Недостатокот на ресурси и обемот на уништувањето го отежнуваат процесот на помош.

Градот, според новинар на Би-Би-Си, кој е на терен, е во потполен мрак бидејќи нема струја и вода за пиење. Исто така, интернетот не функционира, а луѓето се плашат да спијат во своите домови.

„Чувствувавме дека не е безбедно да останеме во хотелот и побаравме засолниште во манастир. Кога се вративме утрото, Мандалај беше целосно урнат“, додава новинарот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран