Во своите коментари за Украина и Русија синоќа, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е потешко да се справува со Украинците отколку со Русите, коментирајќи ја тековната ситуација во војната. Тој истакна дека „Путин прави тоа што секој би го направил“.
На прашањето дали Путин ја користи ситуацијата по повлекувањето на американската помош, Трамп одговори:
„Мислам дека тој прави тоа што секој би го направил. Мислам дека сега ги напаѓа посилно. Тој сака ова да заврши. Мислам дека и Украина сака војната да заврши, но не знам.“
Трамп го повтори својот став дека е подготвен целосно да ја прекине помошта за Украина.
„Треба да знам дека тие сакаат договор. Не знам дали сакаат. Ако не, се повлекуваме – затоа што сакаме ова да се реши“, додаде тој.
Тој, исто така, неколкупати нагласи дека војната немаше да започне ако тој бил претседател.