ПРВ.мк

Во канадската провинција Манитоба прогласена вонредна состојба поради шумски пожари

Во канадската провинција Манитоба прогласена вонредна состојба поради шумски пожари
Jumbo Banner

Во националниот парк Вајтшел во канадската провинција Манитоба прогласена е вонредна состојба поради брзо ширење на шумските пожари, при што две лица загинаа, а започнати се евакуации.

Според извештаите на локалните медиуми, премиерот на Манитоба, Веб Кинју, соопштил дека вонредната состојба во паркoт Вајтшел, кој е заштитено подрачје согласно Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), има за цел да овозможи полесно спроведување на евакуациите и поефикасно гасење на пожарите.

Пожарникарските власти информираа дека во провинцијата се активни 21 пожар, а стотици луѓе беа принудени да ја напуштат својата имот и да бидат евакуирани на безбедни локации.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран