ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) НОВ НАПАД ВРЗ КИПАР – ВКЛУЧЕНИ СИРЕНИ ЗА УЗБУНА! Дронови кон членка на ЕУ, воведена целосна готовност – оваа држава испраќа помош!

(ВИДЕО) НОВ НАПАД ВРЗ КИПАР – ВКЛУЧЕНИ СИРЕНИ ЗА УЗБУНА! Дронови кон членка на ЕУ, воведена целосна готовност – оваа држава испраќа помош!
Kristal

Две беспилотни летала кои се движеле кон британската воздухопловна база Акротири на Кипар биле „навремено соборени“, изјави портпаролот на кипарската влада Константинос Летимбиотис, неколку часа откако базата претходно била погодена.

Според локалните медиуми, по одлуката на британските власти за евакуација на базата Акротири, кипарското Министерство за внатрешни работи наредило евакуација и на жителите од населбата Акротири.

Дронови повторно кон Кипар

Евакуирана е и базата Декелија на истокот од островот, додека во американската база во Никозија биле активирани сирени за воздушна опасност, но засега нема информации за евакуација таму.

Кипарските власти соопштија дека нешто по полноќ бил извршен напад со дрон врз британската база Акротири, при што била предизвикана ограничена материјална штета.

Целосна готовност

Според изјавата на кипарскиот претседател Никос Христодулидис, базата била погодена од дрон „Шахед“, а земјата е во состојба на целосна готовност. Тој нагласи дека Кипар не учествува во воени операции во регионот.

По нападот, властите го подигнаа нивото на безбедносна подготвеност, ги затворија училиштата и таму каде што било потребно евакуираа цивилно население.

Грција испраќа фрегати и авиони Ф-16

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас соопшти дека Грција ќе испрати две фрегати на Кипар, како дел од заедничката одбранбена доктрина меѓу двете земји.

На една од фрегатите ќе биде распореден систем за одбрана од дронови „Кентаур“, а Грција ќе испрати и два борбени авиони Ф-16.

– Подготвени сме да го браниме Кипар со сите расположливи средства – изјави Дендиас.

Евакуиран аеродромот во Пафос

Меѓународниот аеродром во Пафос бил итно и целосно евакуиран во понеделникот попладне, откако неидентификуван дрон бил забележан во ограничениот воздушен простор.

Безбедносните служби им наредиле на патниците и персоналот да ја напуштат терминалната зграда нешто по 12:45 часот, додека Кипар останува во состојба на висока готовност по серијата напади со дронови.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo