Следното видео стана вирално на социјалните мрежи, привлекувајќи огромно внимание и бројни реакции.
Прикажува необичен инцидент пред погреб, наводно некаде во Мексико.
Снимката покажува две жени кои влегуваат во физичка пресметка покрај ковчег, со тврдења дека и двете биле во „романтична врска“ со починатиот маж.
Во еден момент, капакот од ковчегот за малку ќе паднел на подот, сè додека присутните не ги разделиле.
Видеото предизвика лавина коментари. Многумина реагираа со сарказам, па еден корисник напишал: „За малку пак ќе го убија“. Друг коментар гласел: „Да се тепаш за мртов човек – навистина тажно“.
Сепак, најголем дел од корисниците се сомневаат дека снимката е дело на вештачка интелигенција (AI), која создала реалистичен, но целосно измислен настан.
Се отвори и прашањето колку денешната технологија може да ги замагли границите меѓу реалноста и фикцијата, односно да ги наведе луѓето да поверуваат во сè што ќе видат.










