ПРВ.мк

Велика Британија развива тајно оружје за следење на руски подморници

Велика Британија развива тајно оружје за следење на руски подморници
Jumbo Banner

Британската морнарица развива тајно оружје со вештачка интелигенција за следење руски подморници

Британската кралска морнарица развива напреден систем заснован на вештачка интелигенција за следење руски подморници во нејзините територијални води, пренесе „Тајмс“.

Станува збор за технологија која првично била дизајнирана за следење китови, а сега ќе се користи на автономни подводни дронови за идентификација на поморски закани. Новиот систем, наречен „Лура“, користи податоци собрани во последните 56 години од страна на сонарски техничари на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Овие акустични записи од непријателски бродови и подморници сега се интегрираат во интелигентен алгоритам за прецизно препознавање подводни цели.

„Лура“ ќе управува со мрежа подводни сензори, слична на систем на сателити, кои ќе собираат и анализираат подводни звуци. Ова ќе овозможи побрза идентификација на закани, намалување на потребата од човечка интервенција и зголемување на ефикасноста на одбранбените реакции.

Системот е способен да разликува бродови од иста класа преку нивниот уникатен акустичен потпис, а автономните мини-подморници ќе можат да останат под вода со месеци, покривајќи големи области од морето. Ова значително ќе ја засили способноста на британската морнарица да ги следи движењата на руските морнарици, особено во близина на критични подводни комуникациски кабли.

Компанијата „Helsing“, која го разви системот, е ангажирана од страна на британската морнарица за истражување и примена на вештачка интелигенција во подводниот надзор.

Поранешната инженерка на Кралската морнарица, Амелија Голд, изјави дека на морнарите им се потребни години обука за да го совладаат препознавањето на звуците од различни подморници, но новиот систем значително ќе го олесни и забрза овој процес.

Се очекува „Лура“ наскоро да влезе во оперативна употреба.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран