ПРВ.мк
Свет

Украина ја тресе голем скандал – краделе милиони од тендери за дронови

Украина ја тресе голем скандал – краделе милиони од тендери за дронови
Escape

Украинските власти подигнаа обвиненија против шест лица, меѓу кои пратеник, владин функционер и командант на Националната гарда, поради корупција поврзана со набавка на дронови и опрема за блокирање на сигнал. Станува збор за организирана криминална група која во 2024 и 2025 година систематски проневерувала средства наменети за одбранбени цели, соопштија институциите.

Меѓу обвинетите се и поранешен гувернер, директор и сопственик на фабрика за беспилотни летала, како и шефови на локални и воени администрации. Властите открија дека договорот за опремата бил зголемен за 80.000 долари над реалната цена – односно наместо 160.000, платиле 240.000 долари, од кои околу 30% отишле во мито.

Пратеникот и дел од функционерите биле уапсени додека примале поткуп. Претседателот Володимир Зеленски го поздрави расветлувањето на случајот и изјави дека мора да има нулта толеранција за корупција.

Инаку, само неколку дена претходно, украинскиот парламент ги врати овластувањата на НАБУ и САПО – независните антикорупциски тела – откако Зеленски се обиде да ги стави под контрола на главниот државен обвинител. Тоа предизвика масовни протести, по што тој го повлече потегот и поднесе закон за нивна автономија, кој беше усвоен.

Mia Home Mavrovo