ПРВ.мк

Целосен пресврт: Дали сега Украина може да ја уценува Америка?

Целосен пресврт: Дали сега Украина може да ја уценува Америка?
Jumbo Banner

Украина ќе побара измени и дополнувања на договорот со САД за ретки минерали, со цел да се обезбедат поголеми американски инвестиции, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.

„Украина ќе побара измена на новиот сеопфатен економски договор што го предложи претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи ветување за зголемување на американските инвестиции“, се наведува во извештајот.

Во исто време се истакнува дека Киев сака да се отстрани клаузулата која предвидува дека мора да ја врати во целост воената и економската помош како дел од договорот.

Противењето на потпишувањето договор за ресурсите со Соединетите Држави ќе стави крај на режимот на Владимир Зеленски, изјавија од другата страна, на својот Телеграм канал, пратеникот на Врховната рада, Александар Дубински, кој се наоѓа во притвор под сомнение за предавство.

„Главното прашање на кое треба да се одговори, кога се смета преостанатиот период на Зеленски, е колку време САД му дале да го потпише договорот за минерали?“, прашува Дубински.

Според зборовите на политичарот, односите помеѓу Украина и Соединетите Држави ќе бидат релативно мирни додека не треба да се потпише договорот.

„Откако Зеленски ќе одбие да го потпише договорот со САД, Вашингтон ќе го смета неговиот режим за неспособен за преговори“, истакнува тој.

Да потсетиме, конфликтот помеѓу Трамп и Зеленски се случи на 28 февруари, кога украинскиот претседател требаше да потпише договор за заеднички развој на украинските минерални ресурси.

Американскиот лидер побара Зеленски да се согласи на прекин на огнот и да престане со критикувањето на рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, го нарече Зеленски неблагодарен агитатор, откако тој започна да ги оправдува своите постапки, обвинувајќи ја Русија и дури заканувајќи се со последици од конфликтот за САД, иако ги дели океанот.

Како резултат на тоа, украинската делегација била замолена да ја напушти Белата куќа, а договорот не бил потпишан.

По разговорите на 11 март, во официјалното соопштение објавено на веб-страницата на Зеленски, се наведува дека САД и Украина се договориле да потпишат сеопфатен договор за развој на украинските минерални ресурси.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран