Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи преку својата мрежа Truth Social, коментирајќи ја војната во Украина со зборовите: „Русија треба да се размрда“.
Трамп додаде дека војната е „страшна и бесмислена“ и дека илјадници луѓе умираат секоја недела, потенцирајќи ја итноста за некаков напредок или решение.
Интересно е што оваа изјава доаѓа токму во момент кога американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, се наоѓа во Санкт Петербург.
Таму веќе имаше средба со главниот руски економски преговарач Кирил Дмитриев, а најавени се и средби со самиот Владимир Путин, како и со претставници од Поморскиот колегиум на Руската Федерација.