Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши војната и дека му е потешко да се справи со Украина, додавајќи дека тој „ќе ја поправи и ќе ја запре“.
Во интервју за Фокс Бизнис, чии делови беа објавени од Индипендент, Трамп на прашањето дали верува дека Путин сака да ја заврши војната одговори потврдно. „Мислам дека Русија и ние сега имаме многу добри односи, иако тие сега ја бомбардираат Украина. Искрено, не ми е лесно да се справувам со Украина. Тие немаат никакви адути“, изјави Трамп.
Како што додаде, „ќе го поправиме и ќе го запреме тоа“.
Тој исто така беше запрашан дали Путин ја користи паузата во испораката на американската воена помош за Украина, на што Трамп одговори дека мисли дека Путин прави она што би го направил секој друг на негово место. „Мислам дека напаѓа посилно отколку што напаѓаше, и веројатно секој на таа позиција би го правел тоа“, нагласи Трамп.
Претседателот на САД исто така ги предупреди Русија со „масивни“ санкции и царини како одговор на разорните ракетни напади врз украинските градови, повикувајќи ги двете страни да „седнат на маса сега, пред да биде предоцна“.
На прашањето зошто САД не ѝ обезбедуваат на Украина противвоздушна одбрана за да го спречат Путин да ги бомбардира, Трамп изјави дека треба да се знае дека двете страни сакаат да постигнат договор.
„Не знам дали тие сакаат да склучат договор“, додаде тој.
Во интервјуто, Трамп исто така откри дека испратил писмо до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, во кое бара нов договор со Иран за да ја запре неговата нуклеарна програма, која, како што рече, брзо напредува. Тој посочи дека писмото било упатено како израз на надеж за преговори, бидејќи, како што нагласи, ако дојде до воено вмешување, тоа би било „страшно“.