ПРВ.мк

Трамп успеа? “Ми ѕвонат поголемиот дел од светските лидери и ме молат за договор”

Трамп успеа? “Ми ѕвонат поголемиот дел од светските лидери и ме молат за договор”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека знае што прави кога воведува високи царини на земјите ширум светот, по што се соочил со критики и загриженост на глобално ниво поради ваквите потези.

Трамп на вечерата на Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон во вторникот го пофали својот план за воведување царини, посочувајќи дека лидери од многу земји го контактираат и молат за договор во врска со тарифите, пренесе телевизијата ABC News.

Трамп повторил дека Соединетите Американски Држави биле „ограбени“ од странските царини во минатото и дека сега ставил крај на тоа.

Новите царини кои САД ги воведуваат на земјите ширум светот, вклучувајќи ги и оние од 104 проценти на увозот од Кина, стапија на сила денеска.

Vero

Покрај високите такси за Пекинг, САД воведоа царини и на увозот од десетици други земји, вклучувајќи 46 проценти за Виетнам, 32 проценти за Тајван, 25 проценти за Јужна Кореја, 24 проценти за увозот од Јапонија и 20 проценти за сите земји од Европската Унија.

Agria