Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше настапот на ИТФ W75 турнирот во Копер, Словенија што се игра за нагарден фонд од 60.000 долари. Во мечот од првото коло Ѓорческа ја совлада 30-годишната тенисерка од Белгија Мари Бено со 2-0 во сетови (75 61) за 101 минута игра.
Во првиот сет се водеше голема борба, а македонската тенисерка прва успеа да дојде до предност од 4:1 во гемови, а по 5:2 ривалката стигна до 5:5. По голема неизвесност во 12-тиот гем Лина направи брејк за водство од 1-0 во сетови откако го доби првиот сет со 7:5 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка имаше целосна контрола и сетот го доби со 6:1 во гемови.
Според програмата за денеска беше предвиден и мечот од 2.коло, но поради дожд мечот беше преместен за програмата во петок. Противничка на Ѓорческа ќе и биде Екатерина Горгодзе од Грузија, која со 2-1 (63 46 10-6 на поени) во сетови ја елиминира втората носителка Селена Јаничијевиќ од Франција.
Во меѓусебните дуели Ѓорческа води со 2:1 во победи и сите мечеви на ИТФ турнирите се одиграни во три сета, додека Ѓорческа има и еден триумф вп БЏК купот кога противничката го предаде мечот.