ПРВ.мк
Свет

Трамп со нов ултиматум: Путин има само уште 12 дена да постигне мир со Украина

Трамп со нов ултиматум: Путин има само уште 12 дена да постигне мир со Украина
Escape

Американскиот претседател Доналд Трамп го скрати рокот за постигнување договор меѓу Русија и Украина од 50 на само 10-12 дена, изразувајќи длабоко разочарување од Владимир Путин.

За време на посетата на Шкотска, Трамп рече дека нема потреба да се чека до крајот на првичниот рок, бидејќи Москва не покажува волја за напредок. „Му дадов шанса на Путин, но тој не ја искористи“, изјави Трамп, нагласувајќи дека е време за поодлучни чекори.

Украина ја поздрави оваа најава, додека Русија сè уште молчи. Белата куќа не откри какви последици би следеле доколку Русија не одговори на новиот рок.

Mia Home Mavrovo