ПРВ.мк
Балкан

Пироман од Нови Сад запали куќа, па пукаше кон пожарникарите – едно лице повредено

Пироман од Нови Сад запали куќа, па пукаше кон пожарникарите – едно лице повредено
Escape

Во Нови Сад се случи драматична ноќ откако 73-годишен маж подметнал пожар во својот дом, а потоа отворил оган врз пожарникарите што дошле да го гаснат огнот. Инцидентот се случил на улицата „Симе Матавуља“ во вечерните часови на 28 јули.

Очевидци сведочат дека мажот испукал неколку куршуми, при што едниот рикошетирал и полесно повредил 32-годишен маж, кој добил медицинска помош на лице место. Дополнително, две лица биле прегледани поради вдишување чад.

Според информациите, осомничениот В.Г. веќе неколку дена се обидувал да предизвика пожар, а таа вечер успеал да го запали просторот каде што живеел. Огнот потоа се проширил и на соседната куќа. Полицијата се сомнева дека пожарот избувнал поради плинска боца.

В.Г. е уапсен под сомнение за подметнување пожар и напад врз службени лица, а полицијата покрена истрага за целиот случај.

Mia Home Mavrovo