ПРВ.мк
Балкан

Пиромани фатени на дело: Намерно подметнуваа шумски пожари!

Пиромани фатени на дело: Намерно подметнуваа шумски пожари!
Escape

Бугарија се наоѓа во сериозна криза поради шумските пожари што беснеат на стотици локации низ целата земја, а премиерот Росен Жељазков предупредува дека дури 95% од пожарите се предизвикани од човечка небрежност. „Во моментов имаме околу 240 активни пожари ширум територијата,“ истакна Жељазков, повикувајќи ги граѓаните да се однесуваат одговорно, особено во услови на екстремни жештини и суша кои значително го зголемуваат ризикот од нови пожари.

Додатно, загриженост предизвикува видеоснимка што се прошири на социјалните мрежи, каде двајца мажи, најверојатно со запалки, намерно подметнуваат оган во шума. Снимката, направена од безбедносна камера близу Велико Трново, ја сподели здружението „Пожарникари Струмица“ како доказ за сериозноста на проблемот со пироманијата и во регионот.

Жељазков нагласи дека властите ги користат сите расположиви ресурси за гасење и контрола на пожарите, но дека клучна е превенцијата и соработката со граѓаните. Тој подвлече дека дури и најмала небрежност може да предизвика катастрофални последици по човечките животи, природата и инфраструктурата.

Бугарија, како и целиот Балкан, се соочува со големи температури и зголемен ризик од шумски пожари, што дополнително ги оптоварува капацитетите на противпожарните служби.

Mia Home Mavrovo