ПРВ.мк

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро
Jumbo Banner

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина, нагласувајќи ја својата подготвеност да помогне во решавањето на конфликтот.

„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, изјави Трамп.

Тој исто така истакна дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин, веднаш штом се создадат услови за тоа. Според него, вистински напредок во разговорите е тешко да се постигне без директна средба лице в лице меѓу двајцата лидери.

Трамп моментално ја завршува својата посета на Блискиот Исток, а денес говореше на настан организиран од Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран