ПРВ.мк

Трамп прекинува контакт? Повеќе нема да разговара со Путин

Трамп прекинува контакт? Повеќе нема да разговара со Путин
Jumbo Banner

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, не планираат нов телефонски разговор по посетата на преговарачот на Путин во Вашингтон, соопшти Кремљ.

NBC News претходно објави дека најблиските луѓе на Трамп го советувале да не разговара со Путин додека рускиот лидер не прифати целосен прекин на огнот во Украина, што, според зборовите на Путин, е принципиелно и отворено ако се исполнат долгата листа услови.

Кирил Дмитриев, пратеник на Путин за инвестиции, изјави вчера дека гледа “позитивна динамика” во односите помеѓу САД и Русија по дводневните состаноци во Вашингтон, но додаде дека се потребни дополнителни состаноци за да се решат разликите.

„Без сомнение, гледаме позитивна динамика во нашите односи“, изјави Дмитриев за новинарите во Вашингтон по состанокот со официјални лица на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

ELS

„Низа состаноци ќе бидат потребни за да се решат сите наши разлики. Но, клучно е да се види позитивен, креативен став“, рече Дмитриев.

„Апсолутно јасно е дека администрацијата на претседателот е решена да ги реши проблемите, за разлика од претседателот Бајден. Тие пристапуваат со големо почитување, поставуваат многу прашања, бараат компромиси“, додаде тој.

Дмитриев изјави дека некои од темите за кои разговарале во Вашингтон вклучуваат соработка во екстракција на ретки минерали и Арктикот. Тој додаде дека продолжуваат договорите за обновување на директните воздушни линии помеѓу Русија и САД.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран