Белата куќа размислува за можноста за укинување санкции за „Северен тек 2“
Белата куќа води внатрешни разговори за евентуално ублажување на санкциите кон руските енергетски проекти, меѓу кои и контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, дознава Politico од извори блиски до администрацијата.
Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ја предводи иницијативата, со цел да се создадат услови за постигнување мир во Украина. Меѓутоа, идејата наидува на отпор од државниот секретар Марко Рубио и министерот за внатрешни работи, Даг Бургам.
Се смета дека евентуалното укинување на санкциите би ѝ овозможило на Русија повторен пристап до европскиот енергетски пазар, што директно би ја загрозило конкурентноста на американските LNG-извозници.
Иако Виткоф предложил изработка на целосна листа на постојните американски санкции кон Русија, од Белата куќа појаснуваат дека иницијативата е сè уште во фаза на разгледување, без постигнат конечен договор.