ПРВ.мк

Трамп ја пофали Мелони: “Таа е вистински светски лидер”

Трамп ја пофали Мелони: “Таа е вистински светски лидер”

Мелони во Белата куќа: „Со САД мора да се сретнеме на половина пат“

Во четвртокот вечерта, во Белата куќа се одржа билатерална средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Разговорот помина зад затворени врати, во четири очи, а по средбата имаше кратки изјави за медиумите.

Трамп со пофалби, Мелони со јасни позиции

Трамп не штедеше пофалби за Мелони, нарекувајќи ја „вистински светски лидер“ и „одличен премиер“. Рече дека ја следи уште од почетокот на нејзината политичка кариера и дека е импресиониран од тоа како ја води Италија.

Vero

Мелони, од своја страна, порача дека е во Вашингтон со јасна мисија – да работи на тоа Западот да биде пообединет и посилен.

– Нашите економии се поврзани, имаме заеднички вредности и мора да најдеме конкретни резултати што ќе не зајакнат како сојузници – изјави таа.

Спомена и што прави Италија во борбата против илегалната миграција и синтетичките дроги, каде што, како што рече, нејзината земја е на првата линија – особено во справувањето со фентанилот.

Царините и Европа – главна тема

Прашањето за царините беше меѓу најважните теми. Мелони порача дека не може да биде посредник во име на цела ЕУ, но истакна дека е тука да се најде „начин да се сретнеме на половина пат“.

Трамп беше решителен:

– Сто отсто сум сигурен дека ќе постигнеме договор со Брисел – изјави тој, додавајќи дека работи на тоа Америка да ги среди бројните проблеми со криминалот и имиграцијата.

Мелони го покани Трамп во официјална посета на Италија – покана која тој веднаш ја прифати. Таа додаде дека ќе се потруди да организира и средба со европските лидери за време на неговата посета.

Наместо прес-конференција – порака за заедништво

Иако немаше формална прес-конференција, Мелони од Овалната соба испрати јасна порака: треба да се изградат мостови помеѓу Европа и Америка.

– Да ги ставиме на маса нашите барања и потреби и да се најдеме на половина пат – рече Мелони, нагласувајќи дека разговорот со Трамп отворил теми што можат заеднички да се решаваат.

Agria