Меланија Трамп го слави 55. роденден во Рим, Доналд ветува романтична вечера во претседателскиот авион
Иако се наоѓаат во Рим по повод погребот на папата Франциск, денешниот ден носи посебно значење за Доналд и Меланија Трамп – поранешната прва дама на САД денеска го одбележува својот 55. роденден.
Роденденот, сепак, не поминува во свечена атмосфера. Убавата Словенка е далеку од домот и Белата куќа, опкружена со државници и граѓани кои се собраа да оддадат почит на покојниот поглавар на Римокатоличката црква. Тоа не го спречи медиумскиот интерес за едно, наизглед банално, но симболично прашање – дали Доналд Трамп подготвил подарок за својата сопруга?
Пред поаѓањето, Трамп изјави за новинарите дека е премногу зафатен за да избере соодветен подарок, но најави дека сепак планира да ја изненади Меланија со романтичен гест.
„Ќе има работен роденден. Ќе ја изведам на вечера во Боингот. Ќе ја изведам на вечера во Air Force One“, рече Трамп со насмевка.
Иако невообичаено, вечерата во претседателскиот авион може да биде доволно симболична и интимна, со оглед на околностите и динамиката на нивниот политички и приватен живот.