ПРВ.мк

Трамп го покани папата Лав XIV во посета на Белата куќа

Трамп го покани папата Лав XIV во посета на Белата куќа
Jumbo Banner

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, да ја посети Белата куќа, соопшти неговата портпаролка Каролин Ливит.

Писмената покана му беше врачена лично на папата од потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, при утринската аудиенција во Ватикан.

„Средбата беше добра и продуктивна. Претседателот Трамп со нетрпение очекува да го пречека папата во Вашингтон веднаш штом тоа биде можно“, изјави Ливит пред новинарите.

Според претставници на американската администрација, папата Лав XIV — првиот папа со потекло од САД, роден во Чикаго — утрово во Апостолската палата го прими и државниот секретар на САД, Марк Рубио.

Ватикан објави официјални фотографии од средбата, на кои папата срдечно ги пречекува американските претставници.

Папата Лав XIV во неделата ја одржа својата прва миса, на која присуствуваа бројни високи странски делегации.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран