ПРВ.мк

Трамп го одби Нетанјаху: Америка го отфрли предлогот на Израел за воена акција во оваа држава

Трамп го одби Нетанјаху: Америка го отфрли предлогот на Израел за воена акција во оваа држава

Трамп одби да ја поддржи израелската воена акција против Иран – предност му даде на дијалогот

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да не ја поддржи израелската иницијатива за напад врз иранските нуклеарни постројки, одлучувајќи се наместо тоа за дипломатски преговори со Техеран, пренесуваат американски официјални лица и извори блиски до администрацијата.

Како што објави Њујорк Тајмс, Израел планирал воени удари уште во мај, со цел значително да го забави иранскиот нуклеарен програм. Но, речиси сите сценарија за успешно изведување на акцијата подразбирале американска воена поддршка.

По долги месеци внатрешни консултации во Белата куќа, надвладеало мислењето дека треба да се даде предност на дипломатијата, особено бидејќи Иран наводно изразил подготвеност за дијалог.

Vero

Јасна порака до Нетанјаху: без напад додека траат преговорите

На средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, која се одржа на почетокот од април во Вашингтон, Трамп го известил својот сојузник дека САД нема да учествуваат ниту ќе поддржат воени активности додека траат преговорите со Техеран.

Нетанјаху, пак, остана на ставот дека секој договор со Иран мора да вклучува можност за целосен американски надзор, уништување на постројките и демонтажа на опремата за збогатување ураниум.

Оваа одлука на Трамп претставува значаен пресврт во американската надворешна политика на Блискиот Исток и сигнал дека Вашингтон е подготвен да бара политичко решение за едно од најтешките безбедносни прашања во регионот.

Agria