Моджтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, е избран за нов врховен водач на Иран. На десеттиот ден од војната, која започна со нападот на Америка и Израел врз Иран, цените на нафтата драстично пораснаа, а американскиот претседател Доналд Трамп дури размислува за копнена инвазија на Иран. Судирот веќе неколку дена се проширува и на други земји, имајќи предвид дека Иран во знак на одмазда ги гаѓа американските бази во регионот.
Се криеше под радарот, а сега има апсолутна моќ! Кој всушност е Моджтаба Хамнеи и каква мрачна тајна се крие зад неговото богатство од 400 милиони евра?!
Иран по убиството на Али Хамнеи има нов врховен водач, што Америка и Израел не го прифаќаат.
Трамп веќе закани дека никој не може да биде врховен водач ако тој не го одобри, поради што расте стравот од копнена инвазија.


















