ПРВ.мк
Македонија

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дизелот поскапува за 14,5 денари, бензинот за 5 денари - еве од кога!

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дизелот поскапува за 14,5 денари, бензинот за 5 денари - еве од кога!
Kristal

Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за просечно 14,27% во однос на претходната одлука од 2.3.2026 година.

Зголемување на референтните цени на светскиот пазар:

  • Бензин: +13,384%
  • Дизел: +36,134%
  • Екстра лесно масло: +32,102%
  • Мазут: +27,870%

Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,9444% во споредба со претходната пресметка.

Нови максимални цени од 10.3.2026 од 00:01 часот:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 79,50 ден/литар (поскапување +5 ден/литар)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 81,50 ден/литар (поскапување +5 ден/литар)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 85,50 ден/литар (поскапување +14,50 ден/литар)
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 82,50 ден/литар (поскапување +12,50 ден/литар)
  • Мазут М-1 НС: 42,586 ден/кг (поскапување +7,044 ден/кг)

Трговците на големо и мало можат да формираат пониски цени од овие максимални, но не и повисоки.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo