ПРВ.мк

Талибанците забранија играње шах, причината го изненади светот

Талибанците забранија играње шах, причината го изненади светот
Jumbo Banner

Талибанските власти во Авганистан го забранија играњето шах ширум земјата, објаснувајќи дека шахот може да биде извор на коцкање, што е забрането според законите на земјата. Оваа одлука потекнува од минатогодишниот закон кој го прогласува шахот за облик на коцкање, изјавил авганистанскиот официјален претставник за спорт, Атaл Машвани.

Според Машвани, авганистанската национална шаховска федерација не организирала никакви официјални настани во последните две години, а имала и проблеми во своето раководство. Ова доаѓа во време кога Талибаните континуирано воведуваат строги закони откако ја презеле властa во 2021 година, а една од нивните главни мерки била забраната на жените да се занимаваат со спорт.

Покрај тоа, минатата година, Талибаните го забраниле и практикувањето на професионални боречки вештини, како што се мешовити боречки вештини (MMA), сметајќи ги за “насилни” и “проблематични во контекст на шеријатските закони”.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран