Огромното мнозинство од жителите на Одеса немаат никаква врска со киевскиот режим, изјави помошникот на претседателот на Русија и претседател на Морската колегија, Николај Патрушев.
– Нашата земја ја почитува волјата на народот. Тоа се гледа преку примерот со приклучувањето на Крим, Севастопол, Донбас и Новорусија кон составот на Русија – одговори тој на прашањето од руските новинари дали Русија полага право на украинските пристаништа и дали планира тоа прашање да го отвори во процесот на решавање на конфликтот.
Патрушев нагласи дека „жителите на украинските региони, вклучувајќи ги и областите покрај Црното Море, самите треба да одлучат за својата иднина“.
– Тешко дека тие ја врзуваат својата судбина со неонацизмот. Тие не сакаат беспрекорно да се покоруваат на нелегитимната власт во Киев. Сметам дека Одеса и огромното мнозинство од нејзините жители немаат ништо заедничко со киевскиот режим – убеден е помошникот на претседателот на Руската Федерација.