ФБ статус на ХАЛК БАНКА:
Драги пензионери,
Пензиите се исплатени! Од денес 29.04.2025, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите и преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Со почит,
Халкбанк АД Скопје
И Комерцијална Банка одлучи предпразнично да ги исплати пензиите.
ФБ статус на Комерцијална банка:
Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за април од среда, 30.04.2025 година.
Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.04.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.