Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, од Атина испрати силна порака – Македонија веќе не е набљудувач, туку активен чинител во клучните енергетски проекти на Балканот.

На регионалниот енергетски самит во грчката престолнина, Божиновска седна на заедничка маса со највлијателните имиња во енергетскиот сектор од регионот, испраќајќи јасна порака за иднината: поврзаност, инвестиции и стабилност.
„Балканот нема време за чекање. Мораме да се поврземе, да инвестираме, да создадеме иднина што нема да зависи од туѓи енергии,“ рече Божиновска, додавајќи дека Северна Македонија веќе вложува во обновливи извори, гасна инфраструктура и енергетска безбедност.

Министерката подвлече дека секој нов мегават произведена енергија значи поголема независност и сигурност за македонските граѓани.
„Работиме за енергетска иднина што не зависи од другите – туку си ја градиме сами,“ потенцираше таа, најавувајќи нови партнерства и проекти кои ќе ја зацврстат улогата на земјата во регионалниот енергетски систем.