ПРВ.мк

Коњановски: Новата улица во Битола ќе донесе подобра инфраструктура и услови за развој на стопанството

Коњановски: Новата улица во Битола ќе донесе подобра инфраструктура и услови за развој на стопанството
Jumbo Banner

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со заменикот градоначалник Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, изврши теренски увид на градежните активности за изградба на улицата СТУ 3 во поранешната касарна – населба АРМ.

Проектот опфаќа изградба на фекална канализација во должина од 404,8 метри и атмосферска канализација од 601,74 метри, со вкупна вредност од 7,5 милиони денари. Работите ги изведува КЈП „Нискоградба“, а според планот, ќе траат 40 работни дена. Во наредната фаза ќе се поставува и нова водоводна инсталација од 398 метри, со вредност од 2 милиони денари, за што ќе биде надлежно ЈП „Водовод“.

Новопроектираната улица ќе ги поврзе „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“ и ќе биде долга 421 метар, со повеќе од 100 нови паркинг места. Целокупната инвестиција за инфраструктурата изнесува речиси 20 милиони денари.

Градоначалникот Коњановски истакна дека со овој зафат значително ќе се подобрат условите за живот на жителите и ќе се овозможи подобар пристап до деловните субјекти во реонот. Меѓу нив е и ИТ-компанијата X3M Labs, која беше посетена од општинската делегација. Компанијата вработува 50 лица и се занимава со развој на софтверски решенија за веб и мобилни апликации, како и со аутсорсинг и ИТ консалтинг за клиенти од Европа и САД.

Од компанијата упатија благодарност до општината за инфраструктурната поддршка, која, како што посочија, е клучна за нивниот понатамошен развој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран