ПРВ.мк

Коњановски со граѓаните на Стрелиште: Времен кружен тек за подобар сообраќај и безбедност

Коњановски со граѓаните на Стрелиште: Времен кружен тек за подобар сообраќај и безбедност
Jumbo Banner

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и дел од општинската администрација, вчера оствари средба со жителите на урбаната заедница „Гоце Делчев“ во населбата Стрелиште.

На средбата, која беше масовно посетена, жителите беа запознаени со новото сообраќајно-техничко решение за воведување времен режим на сообраќај. Овој чекор претставува привремено решение до конечното уредување на сообраќајот, кое ќе следи со целосна реконструкција на инфраструктурата на улицата „8 Септември“ — од кружниот тек кај Дулие до границата на Генералниот урбанистички план на Битола.

Клучниот елемент од временото решение е поставувањето на импровизиран кружен тек во близина на бензинската пумпа Лук Оил, што ќе овозможи безбедно вклучување и исклучување од населбата. Ваквата интервенција се прави со цел подобрување на сообраќајната безбедност, особено во услови на тековни градежни активности на делницата.

Коњановски потенцираше дека општината останува посветена на решавање на секојдневните предизвици со кои се соочуваат граѓаните и ги повика жителите на соработка и трпение до завршувањето на комплетната реконструкција.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран