ПРВ.мк
Свет

Страв од ескалација: Германија не испраќа војници во Украина - ова е причината!

Страв од ескалација: Германија не испраќа војници во Украина - ова е причината!
Kristal

Додека Велика Британија и Франција разгледуваат можност за испраќање копнени сили во Украина во рамки на потенцијална мировна мисија, Германија зазема значително повнимателен став. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Бундесверот би бил распореден само на територијата на НАТО земјите кои граничат со Украина, со цел поддршка на евентуално примирје, пренесува „Телеграф“.

Мерц нагласи дека Германија ќе учествува во надзор на прекинот на огнот и во зајакнување на Украина, но без германски војници да стапнат на украинска територија. И покрај тоа што под негово водство Германија започна со зајакнување на армијата и најави изградба на најсилната конвенционална војска во Европа, ова покажува воздржаност во директно воено ангажирање.

Причините се делумно поврзани со германската внатрешна политика и уставните ограничувања по Втората светска војна. Секое испраќање војници во странство мора да биде одобрено од Бундестагот, а тесното парламентарно мнозинство го прави ваквото решение политички ризично. Дополнителен фактор е силниот отпор од повеќе партии, особено од Социјалдемократите, кои традиционално се повнимателни кога станува збор за воени ангажмани и потенцијално провоцирање на Русија. Историското бреме на можноста германски војници да се најдат во конфликт со Русија исто така влијае на ваквиот воздржан став.

FixCredit
Escape