ПРВ.мк
Свет

СМРТОНОСНА ЗАРАЗА СЕ ШИРИ: 515 пациенти на лекување, 27 нови случаи за 24 часа во оваа земја, СЗО со итно соопштение!

СМРТОНОСНА ЗАРАЗА СЕ ШИРИ: 515 пациенти на лекување, 27 нови случаи за 24 часа во оваа земја, СЗО со итно соопштение!

Демократска Република Конго денеска соопшти дека во таа земја, според последните податоци, регистрирани се 515 пациенти кои се лекуваат од ебола.

Како што соопштија официјалните лица на Конго, во последните 24 часа се потврдени 27 нови случаи на ебола, пренесува Ројтерс. Според владините податоци, од избувнувањето на епидемијата досега починал 91 пациент.

Потсетуваме, избувнувањето на еболата во Демократска Република Конго би можело да има започнато уште во јануари, изјави директорот на Светската здравствена организација (СЗО), оценувајќи дека вирусот поради тоа добил „голема предност“.

Следењето на контактите е сериозен проблем

Следењето на контактите, како клучен дел од борбата против секоја заразна болест, е особено отежнато поради несигурноста и раселувањето на населението во провинцијата Итури, наведе Тедрос, истакнувајќи дека во моментов се следат само околу 45 отсто од контактите.

„За да преземеме контрола над епидемијата, потребно е тој процент да го зголемиме на над 90 отсто“, изјави генералниот директор на СЗО.

Најнови вести