ПРВ.мк

Следуваат девет дена жалост, па ќе се избира нов Папа

Следуваат девет дена жалост, па ќе се избира нов Папа
Jumbo Banner

Папата Франциско е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан.

„Погребниот обред се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, а го водеше кардиналот коморник во присуство на лицата наведени во соодветното известување од Канцеларијата за литургиски прослави, како и членови на семејството на починатиот Папа. Церемонијата заврши во 13:30 часот по средноевропско време“, се вели во соопштението на Ватикан.

Пред таа базилика, која се наоѓа на околу шест километри од Ватикан, телото на Папата го пречекаа 40 припадници на маргинализирани групи, за кои тој особено се залагаше за време на службата, вклучувајќи мигранти, бездомници, затвореници и трансродови лица.

На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на Папата беше пречекан со ѕвона.

По погребот на папата Франциско, следуваат девет дена жалост, а потоа 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа.

Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.

Верниците уште од утре ќе можат да го посетат неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран