ПРВ.мк

Ситуацијата ескалира? Пакистан возврати со напади на Индија

Ситуацијата ескалира? Пакистан возврати со напади на Индија
Jumbo Banner

Ескалацијата на тензиите меѓу двете нуклеарни сили, Индија и Пакистан, доби нова димензија вчера, откако беа пријавени нови воздушни напади на индиска територија. Според снимки кои се шират преку Telegram канали, експлозии се слушале во индиската сојузна држава Пенџаб, конкретно во околината на градот Џаландар.

Локалните извори потврдија експлозии на најмалку две локации, но бројот на жртви засега не е познат.

Само неколку часа пред последниот напад, пакистански балистички ракети го погодиле аеродромот во Амритсар. Индиски извори соопштија дека се регистрирала силна детонација што доаѓала од правецот на аеродромот.

Ситуацијата ескалира од 22 април, кога вооружени лица убија 26 туристи во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир. Оттогаш, долготрајниот конфликт се претвори во отворена воена конфронтација.

Како одговор, Индија изврши воздушни напади на територијата на Пакистан, тврдејќи дека целите биле терористички кампови поврзани со милитантната група Лашкар-е-Таиба (LeT).

Индискиот министер за одбрана Раджнат Синг изјави дека нападите биле прецизни и не ги таргетирале цивилите. Според официјалниот извештај од Њу Делхи, уништени се девет локации каде што наводно се наоѓале припадници на LeT.

Пакистан ги негира обвинувањата, но порано предупреди дека ќе следува одмазда – која, според сѐ, веќе се реализира.

Во досегашните жестоки размени на оган загинаа 31 лице на пакистанска и 12 на индиска страна, што го прави ова најсмртоносен конфликт меѓу двете земји во последните две децении. Спорната граница во Кашмир повторно е претворена во воено бојно поле.

Од Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп повика на итен прекин на насилството: „Сакам ова да запре. Се надевам дека двете страни ќе покажат воздржаност“, порача Трамп од Белата куќа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран