Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека приоритет на оваа Влада е привлекување нови странски инвестиции, кои ќе создадат нови работни места. Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека инвестирањето во економијата е клучен фактор за развојот и создавање подобри услови за граѓаните.
„Можам да кажам дека имаме веќе потврда од швајцарска фармацевтска компанија која ќе инвестира во Македонија неколку десетици милиони евра, за повеќе од 500 вработени. Добро платени вработени. Тоа е само низа во оние убави вести за македонските граѓани кои ги соопштуваме изминатиов период“, рече Мицкоски.