Во рускиот град Сочи се регистрира земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтеровата скала, соопшти градоначалникот Андреј Прошуњин.
Во објава на „Телеграм“, тој истакна дека нема пријавено материјална штета и дека никој не е повреден.
Според дел од информациите, епицентарот на земјотресот бил во морето близу Сочи.

















