ПРВ.мк
Свет

СРЦЕПАРАТЕЛНА СЦЕНА: Последниот поздрав на мајката - Микаел е едно од 165-те убиени деца во нападот на училиште во Иран!

СРЦЕПАРАТЕЛНА СЦЕНА: Последниот поздрав на мајката - Микаел е едно од 165-те убиени деца во нападот на училиште во Иран!
Kristal

Последниот поздрав на едно дете кон својата мајка се претвори во симбол на огромна трагедија. На социјалните мрежи се споделува фотографија од Микаел Мирдораџи, ученик во трето одделение од Иран, снимен во моментот кога тргнува на училиште. На фотографијата се гледа како со тежок училиштен ранец на грбот и шише вода во раката стои на скалите и ѝ мавта на мајка си, не знаејќи дека тоа ќе биде нивниот последен поздрав.

Микаел е едно од 165-те деца од градот Минабу кои загинаа во разорниот воздушен напад врз нивното основно училиште. Неговата последна фотографија беше објавена од иранските државни агенции ИРНА и Прес ТВ и брзо се прошири на интернет, претворајќи се во трагичен симбол на нападот што се случи во саботата наутро.

Загинатите ученици беа погребани во вторникот, а сцените на погребите предизвикаа огромна тага кај локалното население. Според локалните власти, дури 69 од жртвите не можеле веднаш да бидат идентификувани, бидејќи телата на децата биле изгорени до непрепознатливост. Многу родители ги препознавале своите деца само по накитот што го носеле или по нивните училишни ранци.

По трагедијата, САД и Израел соопштија дека го истражуваат инцидентот. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека американските сили намерно не би нападнале училиште, додавајќи дека случајот ќе биде предмет на дополнителна проверка.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo