Земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на рускиот полуостров Камчатка, при што во одредени области интензитетот на потресите достигнал до пет степени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Според информациите објавени на платформата Макс, земјотресот бил почувствуван во повеќе населени места и административни области. Во одделни делови на Петропавловск-Камчатски, Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, интензитетот на потресите достигнал до четири степени. Во Вилјучинскиот и Јелизовскиот округ, пак, бил регистриран интензитет до пет степени.
Податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науките покажуваат дека епицентарот на земјотресот бил на копно, на територијата на Јелизовскиот округ. Се наоѓал на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, а потресот бил регистриран на длабочина од 128 километри.
Засега нема информации за последици од земјотресот. Службите за вонредни ситуации не добиле повици поврзани со потресот, а не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.






