ПРВ.мк
Свет

ШОК ВО ВАРШАВА: Дрон соборен над полската влада – Белоруси уапсени, страв од војна!

ШОК ВО ВАРШАВА: Дрон соборен над полската влада – Белоруси уапсени, страв од војна!

Во срцето на Варшава, безбедносните служби денеска соборија беспилотно летало што летало директно над владината зграда и резиденцијата „Белведер“, каде што престојува полскиот претседател. Премиерот Доналд Туск веднаш ја потврди информацијата и објави дека се приведени двајца белоруски државјани.

„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, напиша Туск на Икс, додавајќи дека уапсените веќе се во рацете на полицијата, која интензивно истражува.

Инцидентот доаѓа во момент на екстремно зголемена тензија во регионот. Минатата недела, неколку руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор, што ја натера Варшава да го крене нивото на готовност. Туск тогаш предупреди дека Полска е „најблиску до отворен конфликт од Втората светска војна“.

Случајот со денешното летало веднаш предизвика бран реакции, а аналитичарите сметаат дека ова може да биде најсериозниот безбедносен предизвик за Полска во последните години.

Escape