ПРВ.мк
Свет

Шок во Тирана: Албанија подготвува резолуција за Иран како „државен спонзор на тероризмот“ по сајберударите!

Шок во Тирана: Албанија подготвува резолуција за Иран како „државен спонзор на тероризмот“ по сајберударите!
Kristal

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека следната недела парламентот во Тирана ќе гласа за резолуција со која Исламската Република Иран би била прогласена за државен спонзор на тероризмот. Предлогот веќе е поднесен од шефот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, но се работи за нацрт-резолуција што допрва треба да биде усвоена.

Нацрт-документот не се ограничува само на политичка осуда на Техеран. Тој предвидува и Иранската револуционерна гарда да биде означена како терористичка организација, а во дел од извештаите исто така се спомнува и Хезболах. Резолуцијата го осудува и сериозниот раст на кибернапади врз албанските институции, вклучувајќи го нападот од 2022 година врз државната инфраструктура и поновите обиди за упад во системите на албанскиот парламент.

Овој чекор е дел од долгорочната ескалација меѓу Тирана и Техеран. Албанија уште во септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран, обвинувајќи го за масовни сајбернапади. Со новата резолуција, спорот се подига на повисоко меѓународно ниво, а во случај на усвојување, текстот ќе биде доставен и до сојузничките земји, како и до меѓународни институции, меѓу кои Обединетите нации и Европската Унија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo