ПРВ.мк
Свет

Шок: Полицијата заплени илјадници вејпови со дрога во средни училишта

Шок: Полицијата заплени илјадници вејпови со дрога во средни училишта

Британската полиција изврши упад во 114 средни училишта и заплени речиси 2.000 течности за е-цигари, а лабораториските анализи открија шокантни податоци – 13% од нив содржеле „спајс“, опасен синтетички канабиноид кој предизвикува сериозна зависност и здравствени последици.

Истражувањето на Универзитетот во Бат покажа дека „спајс“ е многу поопасен од природниот THC што се наоѓа во канабисот, бидејќи многу посилно се врзува за рецепторите во мозокот. Последиците се застрашувачки: параноја, халуцинации, напади на паника, па дури и срцев удар или акутна бубрежна инсуфициенција.

Она што е уште поалармантно е фактот дека овие производи се рекламираат на интернет и на социјалните мрежи како легални и „природни“, додека вистината е дека се работи за хемикалии произведени во неконтролирани кинески лаборатории. Продавачите најчесто лажат дека содржат THC и само на директно прашање признаваат дека се синтетички мешавини.

Организацијата DrogArt предупредува дека овие производи без никаква контрола завршуваат во продавници и онлајн маркети, а најчесто се таргетирани токму кон тинејџерите. Британските организации за лекови алармираат дека расте бројот на случаи каде ученици колабираат на училишни дворови и завршуваат во болница поради користење вакви вејпови.

„Ова е нова и растечка закана на која мора сериозно да се внимава,“ изјави за „Скај њуз“ Фиона Спарго-Мабс од Фондацијата „Даниел Спарго-Мабс“. Таа нагласи дека адолесцентите се особено ранлива група бидејќи нивниот мозок и тело се во критична фаза на развој.

Ситуацијата во Британија се претвора во вистинска алармантна криза – школите, родителите и властите се соочуваат со нова дрога што незабележливо се шири преку електронските цигари, оставајќи ги младите изложени на опасности што можат да имаат фатални последици.

Escape