ПРВ.мк

Се стравува дека ќе има “илјадници“ жртви во земјотресот во Мјанмар

Се стравува дека ќе има “илјадници“ жртви во земјотресот во Мјанмар
Jumbo Banner

Американскиот геолошки институт (USGS) издаде црвен аларм поради земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој рано утрово го погоди Мјанмар и околните земји, известуваат медиумите.

На основа на локацијата на епицентарот и инфраструктурата во регионот, се проценува дека има 35% веројатност за тоа дека бројот на загинати ќе биде помеѓу 1.000 и 10.000.

„Општо, населението во овој регион живее во структури кои се подложни на земјотреси, иако постојат и отпорни згради. Доминантните типови на ранливи згради се неформални (метал, дрва, ГИ и слично) и неармирана ѕидарија од тули“, се наведува во прелиминарната проценка.

USGS исто така проценува дека економската загуба може да достигне до 10 милијарди американски долари, со 29% веројатност дека ќе достигне дури до 100 милијарди долари, што претставува приближно една третина од БДП на Мјанмар.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран