ПРВ.мк

Доколку ова не го знаете, вратете ја возачката дозвола! Кој има предност во оваа ситуација? (ФОТО)

Доколку ова не го знаете, вратете ја возачката дозвола! Кој има предност во оваа ситуација? (ФОТО)
Jumbo Banner

Една наизглед едноставна сообраќајна ситуација збунува многу возачи на социјалните мрежи – знаете ли кој овде има предност?

Раскрсниците се едни од најтешките подрачја во совладувањето на возењето, особено за почетниците во автошкола. Токму на нив многу кандидати покажуваат несигурност, бидејќи тие бараат добро познавање на сообраќајните правила, брза проценка на ситуацијата и правилно реагирање во реално време.

Без разлика дали станува збор за едноставно пресекување на патишта или сложена семафоризирана раскрсница со повеќе ленти, секој вид раскрсница носи низа ситуации кои возачот треба да ги препознае и правилно да ги реши.

Затоа не не изненадува фактот што раскрсниците често се „слаба точка“ на теоретските тестови и при практичното возење.

ELS

Една сообраќајна ситуација предизвика вистинска расправа на социјалните мрежи, која ги подели корисниците во мислењата за правилниот редослед на преминување. На фотографијата која стана вирална, се прикажани три возила: сино возило кое вози праволиниски, жолто возило од неговата десна страна кое исто така вози праволиниски и црвен камион кој доаѓа од левата страна и свртува налево.

Наизглед едноставната ситуација стана вистински сообраќаен предизвик кога беше поставено прашањето: Кој има предност? Кој прв ќе помине, а кој треба да почека?

Кој има предност?

Пред сè, клучно е да се примени едно од основните сообраќајни правила – правилото на предност на возилото од десната страна. Станува збор за основно начело што се користи во случај кога на раскрсницата нема дополнителна сообраќајна сигнализација, како што се семафори или сообраќајни знаци.

Според ова правило, секој возач е должен да го пропушти возилото кое доаѓа од десната страна. Ова овозможува јасен и логичен редослед на преминување, без потреба од дополнителни знаци или регулирање на сообраќајот.

Применувајќи го правилото на десната страна на оваа конкретна сообраќајна ситуација, редоследот на преминување е следен: прв ќе помине жолтиот автомобил, бидејќи се наоѓа на десната страна на синото возило и има предност.

Потоа, ќе помине синото возило, бидејќи по преминувањето на жолтото, нема други возила од неговата десна страна, додека за камионот, синото возило е на десната страна. Последен ќе помине црвениот камион, кој треба да пропушти и двете возила со предност на преминување.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран