ПРВ.мк

Приведено лице од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило

Приведено лице од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило
Jumbo Banner

Приведено лице од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило.

На 29.03.2025 во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци. Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин.

Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за ,,Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта.

ELS

Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран