ПРВ.мк

Санто Доминго: Телото на познатиот пејач извлечено од рушевините на дискотеката, бројот на загинати се искачи на 113

Санто Доминго: Телото на познатиот пејач извлечено од рушевините на дискотеката, бројот на загинати се искачи на 113

Во урнатините на ноќниот клуб Џет Сет, спасители утрово го пронашле и телото на познатиот пејач Руби Перез, соопштиле надлежните.

Од Центарот за вонредни ситуации на Доминиканската Република потврдиле дека телото на Руби било пронајдено во 6:10 часот. Портпаролот на Центарот, Хуан Мануел Мендез, истовремено соопштил дека бројот на жртви пораснал на 113.

Да потсетиме, трагедијата во клубот Џет Сет се случила ноќта помеѓу 7. и 8. април, за време на настапот на Руби Перез, кога изненадно се урнал голем дел од покривот, кој паднал на бината и подиумот. Покривот се урнал 44 минути по полноќ.

Спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на несреќата и започнале да ги извлекуваат преживеаните. Во падот на покривот повредени се најмалку 155 лица, кои биле итно пренесени во болници. Ќерката на Руби Перез, која била со него на настапот, била извлечена жива.

Vero

Надежта за несреќниот Руби постоела неколку часа, бидејќи тој пеел под урнатините за да го пронајдат спасителите. За жал, кога бил лоциран, повеќе не давал знаци на живот.

Agria